Се јави шегаџијата кој си поигра со сајтот на МЗ: Побрзо ме најдоа мене, отколку сторителите од Струмица кои споделуваа слики од девојчиња

Фејсбук корисникот со име Адил Бакиу кој успеа да го пренасочи доменот на Министерството за здравство за пријава за вакцинирање на духовитата модификација „ваксајнс.мк“, попладнево објави статус во кој објаснува дека бил повикан на информативен разговор во полиција.

ВИДЕО: Гафот на Заев искористен како ознака за влез на страницата за вакцинација

„Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.
Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години“, пишува Бакиу.

Приватни фотографии на 4 струмичанки завршија на сајт за возрасни, обвинет нивен сограѓанин

Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој иако само ги пренасочува граѓаните кон официјалната интернет-страница vakcinacija.mk, сепак, од МЗ сметаат дека претставува упад во системот.

Набрзо, со уште една објава на социјаните медиуми, Бакиу сподели што се случило откако го повикале во ПС Карпош:

– Ви благодарам на сите на поддршката, иако до ова не требаше да дојде, ни на крај памет не очекував. Во ПС само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни. И ова не е перцепција, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот