Се демонтира мобилната болница кај Инфективната клиника

Министерството за здравство информира дека денеска се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен хоспитален третман.

Болницата беше поставена кон крајот на март и таа требаше да биде дополнување на капацитетот на Инфективната клиника за примање на пациенти болни од Ковид -19.

Мобилната болница „Role 2“  добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема. Болницата беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и фебрилни заболувања, а истата беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.

Во болницата не беше згрижен ниту еден пациент бидејќи бројот на зарзени кои се лекуваат во болнички услови не го надмина капацитетот со кој располагаат Инфективната клиника и болницата „8 Септември”.

-Ова е голем успех што немавме потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти од ковид-19, бидејќи од почетокот на епидемијата во земјата постоечките болнички капацитети за хоспитализација на овие пациенти се стабилни и исполнети само 10 проценти. Успешно го амортизиравме ударот врз нашиот здравствен систем, но покажавме подготвеност да се справиме и со полоши сценарија – смета Министерот Венко Филипче.

Во меѓувреме, информриаат од министгерството, со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажната болница како дел од системот за понатамошното справување со ковид-19 во земјата.

-Таа ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба- стои во соопштението од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот