СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ напразно пласира различни бројки за вредноста на АД Славија

СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

„Целата вина за раскрчмувањето и распродажбата на имотот на АД Славија лежи во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012-2017 година. Факт е дека токму ВМРО-ДПМНЕ во целост ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот“, соопштуваат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ деновиве упорно се обидува да ја манипулира јавноста за да избегне одговорност и вината да биде префрлена на некој друг.

Но, јасно е дека целосно се загубени во нивниот неуспешен обид, за што говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат.

Прво, според нив, Славија беше вредна 20 милиони евра, па ја намалија проценката на 13, па на 9, а сега е 4 милиони евра.

Во оваа своја произволна математика, заборавија да споменат дека компанијата е потоната во долгови.

Во периодот од 2012 – 2017 ВМРО-ДПМНЕ распродала 70% од имотот на АД Славија.

Со тајни продажби, зад затворени врати, по неповолни и ниски цени, се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ државата, кои денес се во сопственост на приватни компании.

Наместо да шири лаги и манипуции, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решиле проблемот со Славија, туку распродале две третини од нејзиниот имот“, додаваат оттаму.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот