СДСМ: Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии во наредните 5 месеци ќе добиваат по 15.000 денари на своите сметки

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки. По 3.000 денари секој месец, објавија од СДСМ.

„Пензионерите што имаат пензии од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно односно 10.000 денари.Оние пензионери со пензија од 16.000 до 19.000 денари добиваат по 1.500 денари месечно односно 7.500 денари.Исплатата започнува во декември, со цел зимските месеци да поминат со повеќе пари во семејните буџети“, велат од СДСМ.

Со овие мерки опфатени се над 187.000 пензионери.

„Преку системски мерки и со методологијата за усогласување на пензиите од септември 2022 година досега минималната пензија е зголемена за 25 проценти.Со новата методологија на пресметка на пензиите, пензиите веќе пораснаа за повеќе од 5.000 денари.Ако се спореди со 2016 година, во време на ДПМНЕ, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра.Во време на СДСМ, оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.Тоа е зголемување од околу 6.000 денари од страна на СДСМ, односно 50% повеќе од ДПМНЕ.Минималната пензија, којашто во 2016 година во време на ДПМНЕ беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Со СДСМ покачена за 4.000 денари или за 50%.Линеарните покачувања на пензиите од страна на ДПМНЕ беше само по 600 денари, сите други пари ДПМНЕ ги трошеше за споменици, стиропор, жални врби.СДСМ ја воведе и социјалната пензија.Граѓаните над 65 години, кои немаат никаков приход, и не можат по друг основ да остварат пензија сега имаат право на тоа“, соопштија од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот