СДСМ: Добивме донација од 60 респиратори како поддршка од НАТО, ова е солидарност на дело

Република Северна Македонија вчера доби донација од 60 респиратори како поддршка од НАТО во справувањето со последиците од коронавирусот.
Станува збор за средства во износ од над 1,4 милиони евра што се донирани од страна на УСАИД и се дел од НАТО залихите на медицинска опрема лоцирани во Италија, а пристигнаа со авион со италијанското воздухопловство што беше финансиран од страна на Луксембург.
-Ова е солидарност на дело – неколку земји  членки на НАТО функционираа заедно во рамки на Алијансата за да добиеме помош кога ни е најпотребна. Ова е уште еден во низата докази зошто беше важно да станеме дел од овој воено-безбедносен сојуз.Во време на есенскиот бран на коронавирусот ова е значајна поддршка за нашиот здравствен систем. Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на интеграција и зајакнување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.Продолжуваме да градиме силни меѓународни односи, да ги јакнеме пријателствата и сојузништвата кои значат поголема поддршка и помош за нашата татковина, велат од СДСМ.
Членството во НАТО освен што ја гарантира безбедноста стабилноста и неповредливоста на границите, обезбедува и сериозна помош во време на сериозна светска здравствена и економска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот