Сасоли: Треба да им кажеме да на Северна Македонија и Албанија

Одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции се темите за кои како итни за расправа заложи денеска претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.

-Во мојот прв говор пред Европскиот совет како претседател на Европскиот парламент ја нагласив итноста од отворање на прашањата поврзани со климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции и отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија – напиша Сасоли на својот налог на „Твитер“.

Претседателот на Европскиот парламент денеска на прес-конференцијата по учеството во Европскиот совет изјави дека на дневен ред се постигнатиот договор за Брегзит, проблемите на сириската граница и турската офанзива како и прашањето за отпочнување на преговори на Северна Македонија и Албанија.

-Ние знеме дека за ова има одредени различни позиции. Нашата позиција е дека треба да дозволиме старт на преговори. Ние чуствуваме дека ако ЕУ бара да се направат жртвувања и промени и ако тие жртвувања се имплементираат, тогаш ние треба да си стоиме на зборот и на ветувањата – нагласи Сасоли.

Тој потенцира дека ставот на ЕП е дека процесот на проширување треба да продолжи и дека преговорите со двете земји треба да почнат.

-Ова се две земји од кои се бараше да ја сменат регулативата, да го сменат Уставот и јас мислам дека треба да им кажеме да, рече Сасоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот