facebook
Сашко Коцев / Фото: Фејсбук

Сашко Коцев за „Слободен печат“: Не сум удрил полицаец со возило, ниту пак сум знаел дека е полиција во прашање

Актерот Сашко Коцев вчера вечерта околу 19 часот и 15 минути во Скопје, на подрачјето на Центар управувајќи патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистерски ознаки не застанал на знак на запирање, даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото, потврдија од МВР за „Слободен печат“.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Актерот Коцев за „Слободен печат“ вели дека не го удрил полицаецот со своето возило, ниту пак знаел дека се работи за полиција.

– Не ги видов дека биле полицајци. Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба. Не беа униформирани. Јас ги прашав кои сте вие да блокирате пат и си продолжив со возилото, а тој ми одговори „сега ќе видиш кој сум“. Јас брзав, детето ми плачеше позади. Но, не го удрив, тој се поттргна, посочи Коцев.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот