Сашко Кедев утрово го освои врвот Нанга Парбат во Пакистан, висок 8.125 метри

Фото: Nepal News

Десетмина планинари, меѓу кои и нашиот најистакнат алпинист, д-р Сашко Кедев, утрово по локално време се искачија на врвот Нанга Парбат (8.125 м.) на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News

Во 10:40 часот по локално време, тим од петмина алпинисти од повеќе земји, како и петмина непалски шерпаси, успешно се искачија на врвот, кој е деветтиот највисок во светот.

По Нанга Парбат, д-р Кедев со истиот тим ќе се искачи и на GI и GII (Гашербрум 1 и 2), два други врва во Пакистан повисоки од 8.000 метри. По ова, тимот ќе учествува и во експедицијата на К2 (8.611 м.) – вториот врв по височина во светот.

Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и „покривот на светот“ – Еверест, во 2009 година. Пред две години, кардиологот го искачи и врвот Манаслу, (8.156) метри е осмиот највисок планински врв на планетата.

Испиша историја: Сашко Кедев го искачи Даулагири, седмиот највисок врв на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот