Саркози одби да сведочи пред судот: Јас одговарам само на францускиот народ

Никола Саркози / фото: ЕПА

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска одби да одговори на прашања на судењето на неговите поранешни соработници кои се обвинети за злоупотреба на јавните фондови со цел да се финансираат испитувања на јавното мислење, јавува денеска француската ТВ БФМ.

– Како претседател на Републиката не одговарам пред судот, туку пред францускиот народ – рекол Саркози.

Саркози, кој има претседателски имунитет во овој случај, првично рече дека нема да се појави како сведок откако годинава два пати беше осуден во одделни случаи, потсетува Ројтерс.

Судот, сепак, му нареди на 66-годишниот Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, да се појави како сведок на судењето за анкети, кои беа нарачани додека тој беше шеф на државата.

Саркози денеска ја нарече наредбата на судијата „неуставна“ и „целосно непропорционална“.

На петмина поранешни соработници на Саркози во периодот од 2007 до 2012 година, кога тој беше на чело на Франција, им се суди под обвинение за фаворизирање, заговор и злоупотреба на јавни средства за договори со компании за испитување на јавното мислење во вредност од 7,5 милиони евра.

Според францускиот Устав, претседателот има имунитет за дела извршени за време на неговиот мандат, но не исклучува дека тој може да се појави како сведок на судењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот