Сари планира да го „ограби“ Јувентус, не се согласува на предвремен раскин на договорот

Италијанскиот тренер е подготвен да пауза цела сезона само за да му ги зеде парите на итлаијанскиот шампион.

Маурицио Сари ја продолжи доминацијата на Јувентус во Серија А, но неуспехот во Лигата на шампионите и елиминацијата од Олимпик Лион го чинеше отказ.

Сари ќе остане на платниот список на „старата дама“ и во наредните 10 месеци ќе заработи 8.5 милиони евра, јавуваат итлаијанските медиуми.
Сари при доаѓањето во Јувентус потпиша тригодишен договор, но по завршување на сезоната беше заменет со Андреа Пирло и сега планира да го „ограби“ Јувентус.

Официјално: Јувентус го отпушти Сари

Сари одби спогодбено да го раскине договорот и доколку во наредната сезона не најде нова работа, тој ќе добие шест милиони евра од Јувентус, а дополнителни 2.5 милиони евра му следуваат според клаузулата која му овозможува на италијанскиот тим предвреме да го раскине договорот.

Таа клаузула ќе се активира во јуни 2021 година и речиси сигурно е дека Јувентус ќе ја активира, што значи дека на контото на Сари ќе легнат 8.5 милиони евра и тоа додека одмора од фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот