Официјално: Јувентус го отпушти Сари

epa08533335 Juventus' coach Maurizio Sarri during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Juventus Turin at the Giuseppe Meazza Stadium in Milan, Italy, 07 July 2020. EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Италијанскиот тим му врачи отказ на тренерот Маурицио Сари по само една сезона.

Челниците на „старата дама“ тоа што го ветија и го направија, му врачија отказ на 61-годишниот тренер по шокантната елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите.


Јувентус под водство на Сари ја освои деветтата шампионска титула во Серија А, но тоа не беше доволно за тренерот да ја задржи работата и наредната сезона бидејќи императивот беше нападот на трофејот во Лигата на шампионите.

Во елитното натпреварување, Јувентус се сопна уште во првата елиминациска фаза, во осминафиналето, а подобар од нив беше Олимпик Лион.

Сари е веќе отпишан, Јувентус го контактира Покетино

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели веќе разговарал со Маурицио Покетино кој важи за главен фаворит за тренерското столче, а на списокот се наоѓаат уште и Зинедин Зидан од Реал Мадрид и тренерот на Лацио, Симоне Инзаги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот