Фото: Општина Карпош

Саниран проблемот со канализацијата на улица Багдадска која се излеваше по дворовите на куќите

По барање на жителите од улица Багдадска, кои алармирале дека веќе подолго време се соочуваат со проблеми поврзани со фекалната канализација, екипите од Општина Карпош излегоа на терен и, како што велат оттаму, по комплексниот зафат успеаја да најдат решение за оваа сложена комунална ситуација.

Станува збор за 40 години стара и дотраена фекална мрежа која минуваше под објект којшто не е во владение на локалната самоуправа, а оттаму инсталацијата се спушта на пониско ниво во дворот на граѓаните, каде во последно време честопати доаѓало и до изливање на фекалиите- објаснуваат од Карпош.

Фото: Општина Карпош

По пријавата на проблемот од граѓаните, надлежните општински служби за комунални работи веднаш започнале со санација на постоечкиот дефект.

По обраќањето до градоначалникот на Општина Карпош кој не прими во неговиот кабинет, навистина брзо сѐ реагираше, впрочем веднаш дојде лично тој, за да види за што се работи. Притоа се договоривме во првата пригода кога ќе се создадат поволни временски услови, службите да ни обезбедат нов приклучок кон фекалната канализација. Сакам да ги пофалам сите оние кои брзо, експедитивно и организирано работеа и ни овозможија да живееме малку порелаксирано и да се движиме низ нашиот двор – посведочи жителката од улица Багдадска.

За да се санира проблемот, претставниците од Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи од Општина Карпош во соработка со фирмата – изведувач, направиле премостувањена шахтата на граѓаните, со постоечката функционална фекална канализација која се наоѓа во рамки на ООУ „Војдан Чернодрински“.

Од Општината велат дека оваа активност е реализирана со јавна набавка за брзи интервенции во фекалната канализација.

Фото. Општина Карпош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот