Сандерленд на продажба, купувач е 22-годишен милијардер

Славниот англиски клуб моментно настапува во Лига 1, наскоро ќе добие нови сопственици.

Како што пренесува Скај спортс, Стјуарт Доналд ќе го продаде мнозинскиот удел во Сандерленд, а нов сопственик ќе биде Кирил Луи-Драјфус, син на поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј, Роберт Луи-Драјфус.

Интересно е што новиот сопственик на Сандерленд има само 22 години, а се очекува пред Нова година да го презеде управувањето на англискиот тим.

Семејството Луи-Драјфус кон крајот на 19. век во Швајцарија ја основаа Групацијата Луи-Драјфус, а инвестирањето во спортот не и непознато бидејќи од 2006 до 2016 година беа сопственици на Олимпик Марсеј.

За младиот Кирил Луи-Драјфус да го презеде Сандерленд, зелено светло треба да даде Фудбалската федерација на Англија, но Скај Спортс тврди дека тоа ќе биде формалност.

Сандерленд е шесткратен англиски шампион, но последен пат тоа беше пред речиси 80 години, во 1936 година, а само пет екипи имаат повеќе титули од нив, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Евертон и Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот