Санчез: Европа ќе остане тоа што отсекогаш била – светилник за слободата, демократијата и човечкото достоинство

Педро Санчез / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

„Духовите од минатото повторно се пред портите на нашите институции – омраза, алчност, лаги, негација на климатските промени, авторитарност. Тие се опремени со нови дигитални оружја и имаат силни сојузници во и вон Европа. Но ќе ги победиме, како што ги победивме и претходно и ќе продолжиме да градиме нова и подобра Европа“ рече премиерот на Шпанија, Педро Санчез на изборниот конгрес на Партијата на европски социјалисти.

Шпанскиот премиер додаде дека Европа ќе остане тоа што секогаш била, светилник за слободата, демократијата и човечкото достоинство.

„Ќе направиме Европа каде работните места не се само сигурни и добро платени, туку и исполнителни. Европа каде квалитеното образование, здравство и домување не се привилегија за елитите. Европа каде мажите и жените се еднакви и луѓето може да станат што сакаат, без разлика на социјалната позадина“ рече Санчез.

Шпанскиот премиер додаде дека предизвикот е голем, но детерминацијата за соочување е голема и затоа треба да се понуди надеж, додека други нудат страв.

„Да понудиме отвореност и толеранција, кога другите нудат само фрагментација и омраза. Да понудиме иновација и иднина, кога другите само ветуваат носталгија и минато кое никогаш не постоело. Времето ќе покаже дека сме во право, секогаш е така“ рече Санчез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот