
Самозадоволување: Ритуал кој го подобрува расположението и здравјето, но само ако ја знаете вистинската мерка
Мастурбацијата е тема која со децении е обвиткана во срам и тишина. Меѓутоа, денес, сè повеќе лекари и здравствени експерти отворено зборуваат за нејзините физички и психолошки придобивки, и со добра причина.
Препорачано
Еден од нив, д-р Синг, открива колку често, кога и зошто мастурбацијата може да стане дел од здравата дневна рутина.
Дали секојдневната мастурбација е лоша? Напротив
За почеток, не, не е нездраво да мастурбирате секој ден. Напротив, тоа може да донесе важни здравствени придобивки за многумина.
– Мастурбацијата е природен и здрав дел од човековата сексуалност – вели д-р Синг – Фреквенцијата зависи од начинот на живот, односот со партнерите и општата психолошка состојба, но неколку пати на ден не е ништо необично за просечна личност – вели тој.
Значи, сè додека не се меша во секојдневните обврски и односи, тоа е сосема нормално.
Наутро или навечер? Зависи од тоа што сакаш да постигнеш
Иако не постои универзално „најдобро време“, докторот објаснува дека времето од денот може да влијае на ефектот што мастурбацијата го има врз телото и умот.
Наутро, може да дејствува како енергетски поттик, слично на шолја силно кафе.
Сепак, навечер може да помогне да се опуштите и побрзо да заспиете, бидејќи оргазмот го стимулира ослободувањето на хормони како што се окситоцин и допамин, кои го намалуваат стресот и носат чувство на задоволство.
Предности кои не се само сексуални
Освен очигледното физичко задоволство, мастурбацијата може да придонесе за:
– намалување на анксиозноста и стресот
– подобрување на спиењето
– ублажување на менструалните болки и напнатост
– подобро познавање на сопственото тело и сексуалните потреби
За жените кои страдаат од силни менструални грчеви, д-р Синг истакнува дека оргазмот може да предизвика контракции на матката, по кои потоа следува релаксација и ублажување на болката.
Нема правила, освен оние што ти одговараат
Најважниот совет од лекарот е – слушајте го вашето тело. Ако мастурбацијата придонесува за подобро расположение, сон или општо здравје, нема причина да се чувствувате непријатно во врска со тоа.
Иако општествените норми сè уште влијаат на разговорот на оваа тема, медицината сè повеќе потврдува: мастурбацијата, кога е свесна и во рамнотежа, може да биде значаен сојузник на вашето здравје.