Самоубиства и штрајкови со глад: Работниците заробени на крузерите бараат да бидат пуштени

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Десетици илјади работници заробени на крузерите станаа очајни поради пандемијата на коронавирус, па во последните 10 дена, некои од нив извршија самоубиство, а некои започнаа штрајк со глад за да стигнат до копното, а потоа и до нивните домови.

 EPA-EFE/PCG / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Од 2 мај, кога започна штрајкот, низата на смртни случаи е непрекината.

Двајца вработени се самоубиле, еден паднал од палубата на крузерот на Ројал Карибиен, во океанот под необјаснети околности, а последниот починал пред три дена, како што велат од компанијата, од природна смрт.

„Маж се самоуби на бродот Карнивал бриз, кој тргнал од Бахамите за Европа, а 39-годишна Украинка скокнала од Регал принцес. Друг вработен починал истиот ден, но под природни околности. Работел на ’Marines of the Seas’ на Ројал Карибиен“, пишуваат американските медиуми.

 EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Во меѓувреме, 14 членови на екипажот започнаа штрајк со глад на друг крузер на „Ројал Карибиен“, „Navigator of the Seas“.

„Во моментов се чувствуваме како сите да сме заложници“, рече член на екипажот на бродот закотвен во Мајами.

EPA-EFE/Raul Martinez

Индустријата на крстосувања е тешко погодена од епидемијата на коронавирусот и сите крузери се закотвени уште од 13 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот