Инфективна клиника / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Само на Стевановиќ не ѝ е продолжен мандатот на Инфективна, директорите на ГАК и Клиниката за психијатрија остануваат исти

Поради истекување на мандат во време на предизборен процес, Министерството за здравство соопшти дека се спроведени конкурси во три јавно здравствени установи за избор на четири директорски места. Само на д-р Милена Стевановиќ која ја извршуваше директорскат функција на Инфективна не ѝ е продолжен мандатот и на нејзино место е назначен д-р Фадил Цана, од редовите на Алијанса за Албанците. Директорите на ГАК и Клиниката за психијатрија остануваат исти.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана. На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор. На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров – соопштија од Министерството.

Сменета директорката Стевановиќ, со Инфективна ќе раководи Фадил Цана од АА, причините не се познати

Новиот директор на Инфективна, д-р Фадил Цана, доаѓа на местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ. Цана е кадар од Алијанса за Албанците. Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот