Оксфорд стрит Лондон / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Само Исланд и Австрија во Западна Европа имаат повисока инфлација од Британија

Инфлацијата во Британија во јули се забавила на 6,8 отсто на годишно ниво, што е во согласност со очекувањата и со најниската годишна стапка на инфлација во таа земја од февруари 2022 година, покажаа денеска објавените податоци.

За споредба, во јуни годишната стапка на инфлација изнесувала 7,9 отсто. Така, инфлацијата продолжила да забавува во таа земја, откако во октомври минатата година достигнала 11,1 отсто, што е највисоко ниво во последните 40 години, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика (ОНСА).

ОНСА објави и дека намалувањето на цените на гасот и струјата е најголемиот двигател на забавувањето на инфлацијата, а ублажена е и инфлацијата на цените на храната.

Сепак, Британија сè уште бележи една од највисоките стапки на раст на цените во Западна Европа, само Исланд и Австрија имаат повисока инфлација. Во исто време, таа се уште е далеку над целната стапка на централната банка од 2 отсто.

„Со растот на платите и инфлацијата во услужниот сектор посилни отколку што очекуваше централната банка, се чини дека Банката на Англија ќе има повеќе работа“, рече Рут Грегори од консултантската компанија Капитал Економикс.

Банката на Англија внимателно ја следи основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, како и цените на потрошувачките услуги. Базичната инфлација остана на 6,9 отсто во јули, непроменета од јунската стапка и над очекувањата на економистите во анкетата на Ројтерс од 6,8 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот