Само еднаш во 400 години: Кометата Нишимура ќе го осветли небото на 12 септември

Фото: Profimedia

Новооткриената светла комета Нишимура ќе го осветли небото над северната хемисфера на Земјата на 12 септември и повторно околу 17 септември. Се очекува дека нејзиното повторно враќање ќе се случи за околу 400 години, пишува „CNET“.

Кометата го добила името по јапонскиот аматер астроном Хидео Нишимура од Кагава, кој ја открил во август годинава.

Нишимура ги снимил експозициите користејќи стандардна DSLR камера од Канон, а по обработката на експозициите, било очигледно дека се работи за светол објект кој минува низ нашиот сончев систем со голема брзина.

„Major Planet Center“ официјално го потврди откритието и ја именуваше кометата Ц/2023 П1 (Нишимура), а буквата „Ц“ покажува дека се работи за непериодична комета.

Тие типови комети потекнуваат од Ортовиот облак и можат или да поминат низ Сончевиот систем само еднаш или да имаат орбитални периоди, кои се движат од 200 до неколку илјади години пред да се вратат во близина на Сонцето.

Според COBS („Comet Observation Database“), Нишимура е категоризирана како „хиперболична комета“, што значи дека има огромна енергија што ja спречува трајно да биде „фатена“ во Сончевиот систем.

За да излезе од Сончевиот систем, кометата прво би требало да го „преживее“ најблиското приближување до Сонцето, бидејќи кометите кои првпат се приближуваат до Сонцето се изложени на поголем ризик од распаѓање. Иднината на Нишимура е неизвесна во оваа смисла.

Пол Кодас, официјален претставник на НАСА, смета дека кометата, веројатно, ќе го преживее поминувањето покрај Сонцето и не верува дека ќе изгори во таа прилика.

Поради топлината, сончевиот ветер и притисокот кој го создава Сонцето, кометата во некои случаи може да се стопи и целосно да се распадне.

На 18 септември Нишимура ќе биде најблиску до Сонцето во својата орбита и ако може да ја издржи радијацијата, ќе направи круг и ќе се врати назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот