Само добивките од игри на среќа ќе се даночат со 15 проценти

Обложувалница / Фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Со законските измени од 1 јануари 2023 година се отпочнува со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд

Прeдолжените законски измени на Данокот на личен доход ја поминаа собраниската Комисија за финансирање и буџет. Измените на овој закон се дел од даночната реформа. Со законските измени од 1 јануари 2023 година се отпочнува со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд.

Данокот на личен доход останува 10 проценти, но има исклучок, а тоа е за доходот од добивките од игри на среќа, данокот се плаќа по стапка од 15 проценти. Ова значи дека се бришат и одредбите од Законот според кои од од 1 јануари требаше да има 15 проценти стапка за данок за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход.

Во предлогот за законските измени е прецизирано дека се укинува прогресивно оданочување.

Исто така, со новата регулативата се укинува ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица.

Во образложението на законските измени е наведено и дека има доуредување на постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот