Саливан: Трпението на Вашингтон има граница Унгарија да го ратификува приемот на Шведска воо НАТО

Џејк Саливан/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан од Брисел информира дека тој и неговите колеги од НАТО денеска ја предупредиле Унгарија да не го одложува давањето согласност за членство на Шведска алијансата.

Тој предупреди и дека трпението на Вашингтон има граници.

Членовите на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која има апсолутно парламентарно мнозинство во земјата, во понеделникот ја бојкотираа итната седница на Националното собрание на која требаше да се гласа за прием на Шведска во НАТО.

За членство мора да се согласи секоја членка на НАТО, и сите се согласија – освен Унгарија, па затоа бојкотот на Фидес го продолжи 18-месечното одложување на одлуката, што ги налути сојузниците на земјата.

Доколку меѓувреме не се свика уште една итна седница на унгарскиот парламент, ќе одржи редовна седница на 26 февруари.

Од јули 2022 година, кога дотогаш неутрална Шведска, под влијание на руската инвазија на Украина, аплицираше за членство во НАТО, Фидес го кочи процесот на пристапување, тврдејќи дека шведските политичари кажуваат „безобразни лаги“ за состојбата на демократијата во Унгарија.

Партијата инсистира премиерот на Шведска прво да дојде во Унгарија, а потоа да се гласа за членство во Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот