Сајкоски: Владата не гради автопат до Кичево, туку до Зајас

Ѓорѓија Сајкоски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во рамките на активноста за посета на населени места и средби со граѓани, денеска беше во Општина Маврово и Ростуше. Тој истакна дека на денешните средби со граѓаните можеле да слушнат и да констатираат дека во овој македонски туристички центар изминатите шест години, ниту локалната, ниту централната власт нема ништо инвестирано и дека единствено што е направено од градоначалникот е урбанистичкиот хаос.

Сајкоски се осврна и на проектот за коридорот 8 со кој, според него, Владата не ја поврзува општина Кичево, туку дека  ќе завршува само до Зајас, со што остануваат уште 16 километри до Кичево, кои нема да бидат опфатени во автопатското решение Гостивар – Букојчани.

Граѓаните се загрижени и за проектите кои што владата ги најавува, односно автопатите од коридорот 8 и коридорот 10, за средствата кои ќе бидат потрошени милијарда и 300 милиони, средста коишто неотчетно оваа Влада ќе ги троши. Но, исто така, сакам да и порачам на Владата дека манипулира со граѓаните со овој проект, бидејќи кажува дека ќе се направи автопатско решение со кое ќе се затвори коридорот 8. Меѓутоа, од она што го презентираа и кажаа дека ќе прават автопатско решение Гостивар – Букојчани, а не го поврзуваат Кичево или остануваат уште 16 киломентри кои нема да бидат поврзани. Ова автопатско решение е автопатско решение од коридорот 8 кој ќе завршува, најверојатно, само до Зајас, истакна Сајкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот