САД воведоа санкции за иранскиот министер Зариф

Американските власти воведоа санкци за иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во момент на се посилни тензии меѓу двете држави.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкции се воведени заради тоа што Зариф дејствувал во име на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Санкциите предвидуваат блокирање негов евентуален имот или интереси во САД. Зариф нагласи во порака на Твитер дека не поседува имот вон државата.

Американската страна ќе разгледува дали да му даде виза на Зариф за патување до ОН конкретно за секој случај оставајќи отворена можност тој да присуствува на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во септември во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот