САД воведoa санкции против 28 кубански функционери

Куба се сеќава на Фидел Кастро/ Фото EPA-EFE/Yander Zamora

Американскиот Стејт департмент денеска објави визни ограничувања за 28 кубански службеници кои се осомничени за вмешаност во, како што вели, задушувањето на „мирните протести во Куба пред речиси една година“.

Во соопштението на Стејт департментот, ограничувањата се однесуваат на високи членови на Комунистичката партија на Куба и функционери кои работат во комуникациските и медиумските домени на државата, пренесува Ројтерс.

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез набргу на социјалните мрежи ги осуди американските мерки и политиката кон Куба, оценувајќи дека тие го прекршуваат меѓународното право.

„Со оглед на неуспешниот обид да се предизвика бунт во Куба во 2021 година, американската влада и нејзиниот државен секретар се обидуваат да ја дискредитираат победата на народот над империјалистичката агресија“, рече Родригез.

Куба соопшти дека економското ембарго на САД од времето на Студената војна, во комбинација со наводните напори за поттикнување протести на островот, има за цел да ја собори владата на Куба, управувана од Комунистичката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот