САД ветија дека до 2030 двојни ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови

Фото: EPA-EFE/Anna Moneymaker / POOL

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 50 до 52 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 2005 година, во надеж дека тоа ќе ги охрабри земјите со високи емисии да се посветат на поодлучна борба против климатските промени.

Целта, објавена на почетокот на дводневниот самит за клима чиј домаќин е Бајден, беше поставена затоа што САД сакаат да го преземат глобалното лидерство во борбата против глобалното затоплување откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја повлече земјата од Парискиот договор за климатски промени. Бајден официјално ги врати САД во договорот пред два месеци.

Целта, исто така, претставува важна пресвртница во поширокиот план на демократскиот претседател за целосна декарбонизација на економијата на САД до 2050 година, за што тој тврди дека може да создаде милиони добро платени работни места, додека многу републиканци стравуваат дека тоа ќе и наштети на економијата.

Емисиите на штетни гасови треба да ги намалат термоцентралите, транспортот и другите сектори, но Белата куќа не постави специфични цели за тие индустрии.

– Ниту една земја не може да ја реши оваа криза сама и овој самит е чекор кон безбедна, просперитетна и одржлива иднина, порача Бајден на твитер пред самитот.

Новата цел е скоро двојно поголема од ветувањето на поранешниот претседател Барак Обама за намалување на емисиите за 26 до 28 проценти до 2025 година во споредба со 2005 година. Секторските цели ќе бидат поставени во текот на годината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот