САД нема повеќе да го произведуваат моделот авиони „Боинг 747-8″

Боинг / Фото Архива

Американската компанија „Боинг” нема повеќе да го произведува познатиот модел на авиони „Боинг 747-8″, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори од компанијата.

– Последните авиони „Боинг 747-8″ ќе излезат од фабриката во близина на Сиетл за околу две години, одлуката се уште не е официјално објавена, а може да биде сменет рокот, наведува „Блумберг”.

Агенцијата посочува дека последниот модел на „Боинг 747-8″ не постигна комерцијален успех бидејќи авиокоманиите преминаа на модели со два мотори за долги десетинации. Економскиот пад поради коронавирусот сега дополнително ја усложнува продажбата на авиони.

Првиот лет на „Боинг 747″ бил во 1969 година, а од следната година авионот влегува во редова експлоатација. Вкупно се произведени над 1.500 авиони со различни модификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот