Кинески балони шпионирале над сите континенти, тврдат Американците

Фото Принтскрин KSVI-TV

Белата куќа денеска соопшти дека Кина управува со глобална флота од шпионски балони слични на оној соборен минатата недела откако навлезе на територија на САД.

„Сите овие балони се дел од (кинеска)… флота од балони развиени да спроведуваат операции за набљудување“, изјави секретарот за печат, Карин Жан-Пјер на новинарите од бродот Ер Форс 1.

„Во текот на изминатите неколку години, кинеските балони се регистрирани над земји на пет континенти“, додаде тој.

Претставници на американските разузнавачки служби денеска изјавија дека неодамна соборениот кинески балон е дел од обемната програма за надзор што ја води кинеската војска.

Програмата за надзор, која вклучува голем број слични балони, е делумно повлечена од кинеската провинција Хаинан, изјавија официјални лица за Си-Ен-Ен.

Министерството за одбрана на САД пред три дена соопшти:

„Американски борбен авион од типот „Ф-22“ го собори кинескиот балон што неколку дена леташе над САД и неприфатливо го наруши американскиот суверенитет

Пентагон потврди дека кинескиот балон бил соборен во водите кај Јужна Каролина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот