Шпионски дрон/ Фото: Olena Bartienieva / Alamy / Profimedia

САД испраќаат опрема за борба против дронови во Данска за самитот на ЕУ

САД ќе ѝ се придружат на Финска во испраќањето опрема за борба против дронови во Данска за време на самитот на Европската унија оваа недела, соопшти данското Министерство за одбрана, откако над нордиската земја беа забележани дронови кои предизвикаа затворање на неколку аеродроми, објави АФП.

– Задоволни сме и благодарни што САД ја поддржуваат Данска со капацитети против беспилотни летала во врска со претстојниот самит – соопшти министерството на Икс.

Копенхаген ќе биде домаќин на самитот на ЕУ во среда и четврток. Финското Министерство за одбрана потврди дека испраќа единица „способна за идентификување и неутрализирање на дронови“ во Данска за поддршка на безбедносните мерки за време на самитот.

Персоналот и опремата ќе бидат под команда и контрола на данските власти. Портпарол на финското министерство изјави за „Гардијан“ дека одлуката е одговор на барањето на Данска за учество во заштитата на воздушниот простор и борбата против беспилотните летала за време на меѓународните состаноци во Копенхаген.

Финската единица ќе биде под данска команда и контрола, а данските власти ќе преземат целосна одговорност за операцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот