САД го поздравија воспоставувањето односи меѓу Израел и Косово

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс упати честитки до Израел и до Косово за официјалното воспоставување на дипломатски односи, оценувајќи дека се работи за „историски ден”.

Прајс, на својот профил на Твитер, напиша дека продлабочувањето на меѓународните односи меѓу двете земји ќе помогне во дополнително одржување на мирот и на стабилноста на Балканот и на Блискиот исток.

– Кога нашите партнери се обединети, САД се посилни, напиша Прајс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот