фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Сабаленка против Андреева во финалето на Индијан Велс

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка ја декласираше Медисон Кис во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, губејќи само еден гем против Американката во текот на целиот меч.

Полуфиналниот дуел кој траеше 52 минути не донесе никаква драма.

Белорусинката без напор направи три брејка во првиот сет и се пласираше во финалето со супериорни 6:0.

Во вториот сет направи два брејка и го заврши како што може да се нарече „полесен тренинг“ против Кис со победа од 6:1.

Сабаленка на првиот Мастерс сезонава ќе се соочи со големото изненадување, 17-годишната Русинка Мира Андреева, која во полуфиналето ја елиминираше Ига Швјонтек од Полска со 7:6 (1), 1:6 и 6:3, второпласирана во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот