Фото: Profimedia

Руските напади со дронови врз цивили се злосторство против човештвото, велат експерти од ОН

Руската војска извршила „злосторства против човештвото и воени злосторства“ за време на нападите со беспилотни летала врз цивили во украинскиот регион Херсон, според извештај објавен денеска од експерти на Обединетите нации (ОН).

Извештајот  на Независната меѓународна комисија на ОН за истрага на Украина се фокусира на регионот Херсон, на југот од земјата, каде што „овие дела се извршени со примарна цел – да сее терор меѓу цивилното население, што е кршење на меѓународното хуманитарно право“.

Иако овие експерти назначени од ОН не зборуваат во име на организацијата, ваквите категорични обвинувања за злосторства се ретки, во отсуство на одлука на национален или меѓународен суд.

„Нападите продолжуваат и во моментот на објавување на овој извештај“, велат експертите.

Комисијата ги истражуваше нападите врз Херсон и 16 други локации преку геолоцирање на видео снимки и консултирање со достапни извори.

Русите користеле цивилни дронови, достапни во големи количини, со пренасочување на нивната функција, вооружувајќи ги со бомби што можат да се фрлаат, а исто така и со дронови што експлодираат при удар, се додава во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот