Рускиот систем за гласање е мета на масовни хакерски напади, вели шефот на изборната комисија

Апликација за електронско гласање во Русија / 18 септември 2021 / фото: ЕПА

Врз рускиот електронски систем за далечинско гласање, како и врз Интернет страницата на руската Централна изборна комисија извршени се голем број масовни кибер напади, но тие не влијаеја врз нивната оперативност, изјави денеска заменик-претседателот на руската Централна изборна комисија (ЦИК), Николај Булаев.

„Извршени се голем број напади, и на софтверскиот и на хардверскиот дел на комплексот, но заштитните системи успешно ги одбија сите напади“, изјави Булаев за ТАСС.

Кибер-нападите не предизвикаа никаква штета на изборниот систем, додаде заменик претседателот на руската ЦИК.

„Системот работи нормално, без прекини, и во Москва и на федерално ниво“, нагласи Булаев.

Денеска е втор ден од изборите за руската државна Дума, а гласањето завршува утревечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот