Руската федерална служба за безбедност уапси лидер и пет членови на исламска екстремичката организација

Русија полиција / Фото / Sputnik / Profimedia

Руската Федерална служба за безбедност во градот Ростов во Русија приведе пет членови и лидерот на религиозната група од Казахстан, „Алија Ајат“, во Русија е забранета бидејќи се води како „екстремистичка“.

Руските власти се во состојба на готовност по минатонеделниот масакр во концертна сала во близина на Москва, при што загинаа најмалку 139 луѓе, а одговорност за нападот ја презеде Исламска држава.

„Криминалната активност на екстремистичката структура беше координирана од странство, а од таму беа пренасочени и финансиските текови. Идентификуван е водачот на ќелијата и пет активни членови кои спроведуваа агресивна политика за регрутирање меѓу локалните жители, изјави неименуван извор од „Алија Ајат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот