Руска „Новаја Газета“ престанува со работа до крајот на „специјалната операција“ во Украина

Редакцијата на Новаја Газета во Москва/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Рускиот весник „Новаја газета“, чиј уредник е Дмитриј Муратов, еден од минатогодишните добитници на Нобеловата награда за мир, соопшти вчера дека ги запира своите онлајн и печатени изданија до завршување на руската „специјална воена операција“ во Украина.

Рускиот весник во соопштението наведува дека добил уште едно предупредување од надзорниот орган за масовни медиуми и телекомуникации Роскомнадзор за своето известување, што го наведе да ја паузира својата работа, пренесува Ројтерс.

Весникот Новаја Газета“ веќе отстрануваше материјали од својата веб страница за руската воена операција во Украина за да се усклади со новиот закон за медиуми.

Муратов неодамна соопшти дека ќе го донира медалот од Нобеловата награда за мир, за да биде продадена на аукција за собирање на средства за помош на украинските бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот