Русите тврдат дека над Белгород собориле пет украински ракети

Белгород / Фото EPA-EFE/STRINGER

Руските сили за противвоздушна одбрана денеска соборија пет проектили над регионот Белгород, соопшти Министерството за одбрана.

Според Министерството, околу 13 часот, украинските сили повторно се обиделе да извршат терористички напад врз цели на руска територија, при што извршиле напад од повеќецевниот ракетен систем „Вилха“.

Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија пет ракети над регионот Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана. Ова е втор денешен напад врз Белгород и околниот регион.

Првиот се случи околу пладне, кога противвоздушните одбранбени системи соборија четири проектили истрелани од ракетниот систем „Алдер“, при што беше повредено едно лице.

Гувернерот Вјачеслав Гладков претходно денеска соопшти дека, според прелиминарните податоци, едно лице е тешко повредено, пренесоа руските медиуми.

Во воздушниот напад на украинските сили врз Белгород на 30 декември, загинаа 25 лица, а околу 90 лица беа повредени. Белгород се наоѓа на западот на Русија, недалеку од границата со Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот