Русија: Вежбите на НАТО во Финска „го зголемуваат ризикот од воен инцидент“

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија ги осуди планираните вежби на НАТО во близина на нејзината граница со Финска, предупредувајќи дека тие го зголемуваат ризикот од „можни воени инциденти“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за државната новинска агенција РИА изјави дека вежбите се „провокативни“, пренесе МИА.

Финска официјално се приклучи на НАТО претходно овој месец, речиси две години по барањето за прием по руската инвазија на Украина.

Таа дели 1.340 километри граница со Русија, така што нејзиниот влез повеќе од двојно ја зголемува големината на границата на НАТО со нацијата.

– Воените вежби на НАТО во близина на руските граници се од провокативен карактер. Нивната задача е да извршат воен притисок врз Руската Федерација преку демонстрација на сила. Вежбите ги зголемуваат ризиците од можни воени инциденти, рече Захарова коментирајќи ги вежбите планирани за 26 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот