Русија издаде потерница за шефот на украинските воени шпиони одговорен за воздушните удари врз Крим

кирило буданов украински генерал

Русија подигна обвинение против украинскиот шеф на воената разузнавачка служба ГУР генерал Кирил Буданов (37), и го стави на листата на најбарани лица.

„Киев пост“ објави дека Буданов бил обвинет во отсуство за терористички дела поврзани со повеќе од 100 напади со беспилотни летала на руска територија и на полуостровот Крим, кој Киев го смета за украинска територија, анектирана од Русија.

Андриј Јусов, портпарол на ГУР, за овој весник изјавил дека станува збор за „некаков вид криза на идентитетот во рускиот Гестепо“.

– Убеден сум дека Кирило Буданов воопшто не обрнува внимание на ваквите пропагандни заблуди – рече Јусов.

„Киев пост“ наведува дека Буданов е поранешен командос кој брзо се проби до самиот врв на украинското воено разузнавање и стана генерал на 35-годишна возраст.

Според извештаиоте генерал Буданов досега бил мета на најмалку десет руски обиди за атентат врз него, од кои во еден, при експлозија на автомобил, бил тешко ранет.

Се наведува дека освен Буданов, за тероризам поради нападот со беспилотно летало обвинети се и командантите на украинските воздухопловни сили, морнарицата и 383-та беспилотна авијација бригада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот