Русија издаде потерница по тројца косовски полицајци, бара нивно аспење

Фото: Косово онлајн

Косовскиот портал на албански јазик „Коха“ (koha.net) објави денеска дека Русија издала налог за апсење на тројца припадници на косовската полиција, за кои побарала да влезат во системот за пребарување на меѓунaрoдната полициска организација Интерпол, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повикувајќи се на сопствени неименувани извори, „Коха“ тврди дека Русија бара тројцата полицајци да се уапсат во врска со случајот од 2019 година во северно Косово, кога беше уапсен руски државјанин, за кој властите во Приштина објавија дека е шпиун на Москва инфилтриран во мисијата на ОБСЕ во земјата.

Порталот, кој е дел од медиумската групација „Коха“, напоменува дека Русија има рапишано потерници за повеќе од 100 илјади лица низ светот, додека списокот особено се зголемил по инвазијата врз Украина пред две години.

Меѓу бараните од страна на Москва е и една премиерка, Естонката Каја Калас, која неодамна се најде на листата на лица за кои се бара од Интерпол да се уапсат и да ѝ се предадат на Русија за да им се суди таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот