Русија го ребрендира Мекдоналдс: „Името се менува, љубовта останува“

Рускиот Мекдоналдс, „Вкусно и точка“/ Фото Evgeny Odinokov / Sputnik / Profimedia

Можеби изгледа и мириса како Мекдоналдс, но сега се вика „Вкусно и Точка“. Буквата М во жолта боја повеќе ја нема, а сендвичите на американскиот бренд со риба познати како „Fillet-O Fish“ сега едноставно се нарекува сендвич со риба. Дури и популарниот Биг Мек ја напушти Русија, пишува Ројтерс.

Новата ера за руските ресторани за брза храна започна, откако рестораните кои претходно беа на Мекдоналдс, денеска низ Москва се отворија под нова руска сопственост и со новото име, што во превод значи „Вкусно и толку“.

Откривањето на ребрендираните продажни места, повеќе од три децении откако американскиот гигант за бургери првпат ги отвори вратите во Москва во симболично затоплување меѓу Истокот и Западот, повторно е остар знак за нов светскиот поредок. Повторното отворање се одржа на Денот на Русија, празник кој ја слави националната гордост.

„Името се менува, љубовта останува“ Русија го ребрендира Мекдоналдс/ Фото Alexey Filippov / Sputnik / Profimedia

Богатството на синџирот, што Мекдоналдс го продаде кога излезе од земјата поради конфликтот во Украина, може да обезбеди тест за тоа колку успешно руската економија може да стане посамостојна и да ги издржи западните санкции.

Денеска, голем број луѓе чекаа на ред пред некогашниот водечки ресторан на Мекдоналдс на плоштадот Пушкин, централна Москва. Продавницата има ново лого – стилизирана плескавица со два помфрита – плус слоган на кој пишуваше: „Името се менува, љубовта останува“.

Гужва пред новиот ресторан за брза храна во Русија/ Фото Kirill KUDRYAVTSEV / AFP / Profimedia

Редот беше значително помал од илјадниците луѓе кои се насобраа на оригиналното отворање на Мекдоналдс некаде во 1990 година за време на советската ера.

Менито на „Vkusno & tochka“ исто така е помало и не ги нуди некои од најпознатите хамбургери и десерти на Мекдоналдс.

Цените во новиот ресторан за брза храна се далеку поприфатливи за Русите. На пример, двоен чизбургер чини 129 рубљи (2,31 долари) во споредба со оние 160 рубљи во Мекдоналдс.

Мекдоналдс по 30 години заминува од Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот