Русија го обвини Јутуб за блокирање на каналот на Думата

Руските власти го обвинија Јутуб за блокирање на каналот за долниот дом на рускиот парламент и предупредија на одмазда.

Вјачеслав Володин, шеф на Думата, го обвинува Вашингтон за кршење на „правата на Русите“, додека портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова вели дека „Јутјуб ја запечати својата судбина во Русија“.

„САД сакаат да имаат монопол на дифузија на информации“, рече Володин на Телеграм. „Не можеме да го дозволиме тоа“.

Новинарите на АФП потврдија дека профилот е недостапен.

Според Москва, Дума-ТВ има повеќе од 145.000 претплатници. На него се емитуваат клипови од парламентарни дебати и интервјуа со руски пратеници.

Во четвртокот, рускиот државен надзорник за комуникации соопшти дека ќе му забрани на американскиот интернет гигант Гугл да ги рекламира своите услуги во земјата, обвинувајќи го Јутјуб (во сопственост на Гугл) за ширење „лажни вести“ за руската воена кампања во Украина.

Русија го блокира пристапот до недржавните медиуми и информативните ресурси и се зголемуваат стравувањата дека Гугл би можел да биде следен во редот за забрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот