Русија ги произведе првите нуклеарни боеви глави за торпедото „Посејдон“

Руско Торпедо/ Фото: Sergei Trofimenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Русија ги произведе првите нуклеарни боеви глави за суперторпедото „Посејдон“ што ќе бидат распоредени на нуклеарната подморница Белгород, објави во понеделникот ТАС, повикувајќи се на анонимен извор.

„Првите количини оружје за Посејдон се произведени и подморницата Белгород ќе ги добие во блиска иднина“, открил изворот за ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин го најави таканаречениот „Посејдон“ уште во 2018 година. Тој го опиша како нов тип на стратешко нуклеарно оружје со сопствен извор на нуклеарна енергија.

Во говорот пред пет години, Путин рече дека опсегот на торпедото ќе биде неограничен и дека може да работи на екстремни длабочини со брзини многу поголеми од која било подморница или друго торпедо.

„Тие се многу тивки, имаат висока способност за маневрирање и практично се неуништливи за непријателот. Не постои оружје во денешниот свет што може да им се спротивстави“, рече Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот