РСБСП: Ден на културата во сообраќајот – Да го почитуваме секој учесник во сообраќајот, да бидеме внимателни, одговорни и толерантни

Фото: РСБСП

На 11 мај во светот традиционално се одбележува „Денот на културата во сообраќајот“. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата информираат дека и оваа година се приклучуваат кон активностите за одбележување на овој ден, со цел да се подигне свеста на сите учесници во сообраќајот.

Секој учесник во сообраќајот со своите сфаќања, со движењето и начинот на однесување во сообраќајот директно влијае врз одвивањето и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Притоа, се мисли не само на поседување на вештини за управување со возило, или на познавање на законските правила и прописи, туку и на нивното безусловно почитување и примена. Ваквото позитивно перцепирање на односите во сообраќајот е основната нишка на сообраќајната култура која треба да ја поседува секој учесник во сообраќајот без оглед дали станува збор за пешак, возач на моторно возило, патник, велосипедист, мотоциклист итн, велат од РСБСП.

Тие потенцираат дека сообраќајната култура е дел од личноста на човекот и е одраз на неговиот карактер како човек и како учесник во сообраќајот, а се воспоставува уште од најраната возраст. Од таа причина, РСБСП организираат активности посветени за најмладите, со цел да ги запознаат со сообраќајните правила и прописи и одговорно однесување во сообраќајот.

Затоа, на Денот на културата во сообраќајот, РСБСП упатува апел: „Да го почитуваме секој учесник во сообраќајот, да бидеме внимателни, одговорни и толерантни, и преку сопствениот пример да придонесеме за развивање на културата и безбедноста во сообраќајот.“, се вели во соопштението од РСПБСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот