Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Роналдо го собори Гинисовиот рекорд по број на претплатници на Јутјуб за 24 часа

Кристијано Роналдо неодамна лансираше канал на Јутјуб наречен „UR“ и ги собори сите рекорди за само неколку часа. Познатиот фудбалер, кого на сите социјални мрежи го следат 900 милиони луѓе, во првиот час и половина по лансирањето на каналот доби милион претплатници, со што го собори рекордот на Јутјуб.

За 10 дена откако го лансираше каналот, тој собра дури 53 милиони претплатници и влезе во Гинисовата книга на рекорди за најголем број претплатници стекнати за 24 часа.

„Доминацијата на Кристијано Роналдо на социјалните мрежи продолжи откако му беше доделен Гинисовиот рекорд за најмногу претплатници на Јутјуб за 24 часа. Официјалниот број на Јутјуб од 19.729.827 претплатници беше откриен во Гинисовата книга на рекорди претходно оваа недела“, објавија тие.

Инаку, покрај содржините поврзани со фудбалот, 39-годишниот фудбалер објавува и видеа од животниот стил, како она со неговата партнерка Георгина Родригез, кое го привлече вниманието на обожавателите затоа што ја нарече сопруга.

Покрај тоа, тој неодамна сподели видео во кое Џорџина ги оценува неговите модни комбинации од минатото, а видеото за само три дена собра повеќе од 17 милиони прегледи и два милиони лајкови.

Инаку, Роналдо најави дека каналот ќе биде полн со изненадувања и разновидни содржини преку кои фановите ќе можат подобро да го запознаат него и неговото семејство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот