Фото: EPA-EFE/Andre Coelho

Роналдињо му се налути на Бразил: Нема да гледам ниту еден натпревар, нема да славам ниту една победа!

Eвропското првенство започна, а наскор ќе стартува и Копа Америка. Еден од главните фаворити за освојување на јужномаериканскиот турнир, Бразил го објави ростерот, а со тоа предизвика незадоволство кај легендата на „Кариоките“, Роналдињо.

Роналдињо не беше задоволен од списокот на фудбалери на кои ќе смета селекторот, па порача дека нема ниту да го гледа, ниту да се радува на победите.

„Тоа е момци, нема да гледам ниту еден меч на Бразил на Копа Америка, нема да славам ниту една понуда. Доста ми е. Ова е тажен момент за оние кои го сакаат бразилскиот фудбал. Тешко е сега да се најде дух да се гледаат натпреварите. Ова ни е една од најлошите селекции во изминатите години, нема почитувани лидери, само просечни фудбалери. Никогаш не сум видел ситуација лоша како оваа. Недостаток на љубов кон бразилскиот дрес и недостаток на фудбал. Нашите перформанси се едни од најлошите кои сум ги видел, голема штета“, објави Роналдињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот