Ролс-Ројс ќе отпушти 2.500 работници

Ролс Ројс/ Фото: Yoko Aziz / Alamy / Alamy / Profimedia

Ролс-Ројс најави дека планира да укине до 2.500 работни места ширум светот за да создаде поефикасна компанија. Ова е првиот поголем потег на Туфан Ергинбилгиќ, кој кога стана извршен директор во јануари, го опиша Ролс-Ројс како „платформа во пламен“, пренесува Фена.

Ролс-Ројс, кој произведува авионски мотори, е со седиште во Дерби, но вработува 42.000 луѓе ширум светот. Комапнијата беше тешко погодена од пандемијата кога авионскиот сообраќај беше забранет со месеци, а 9.000 работници беа отпуштени.

Ролс-Ројс не даде детали за тоа каде ќе се отпуштат работниците, но извештаите укажуваат на тоа дека стотици работни места во Велика Британија ќе бидат погодени, јавува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот