Рогозин: Вселенската соработка ќе биде можна кога ќе се укинат санкциите против Москва

марс
Дмитриј Рогозин, Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Шефот на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин денеска изјави дека обновувањето на нормалните односи меѓу партнерите на Меѓународната вселенска станица (МВС) и другите заеднички вселенски проекти ќе биде можно кога Западот ќе ги укине санкциите кон Москва.

„Целта на санкциите е да се убие руската економија и да се турне нашиот народ во очај и глад, да се фрли нашата земја на колена. Нема да успеат во ова, но намерите се јасни”, рече Рогозин.

Шефот на Роскосмос на социјалните мрежи објави дека враќањето на нормалните односи меѓу партнерите на Меѓународната вселенска станица и другите проекти е можно „само со целосно и безусловно укинување на незаконските санкции”.

Рогозин додаде дека предлозите на Роскосмос за прекин на соработката на МВС со вселенските агенции на САД, Канада, Европската унија и Јапонија наскоро ќе бидат доставени до руските власти.

Тој претходно изјави дека санкциите можат да го „уништат” американско-руското партнерство на МВС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот