Роговите на носорозите стануваат сè помали

Носорог/ Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Роговите на носорозите од сите видови постепено се смалуваат и стеснуваат во последните сто години, а причина за тоа се исклучиво луѓето, односно ловот, утврдија научниците. Носорозите порано биле трофеен улов, а од 2007 година нивниот лов е во пораст поради употребата на нивните рогови во традиционалната азиска медицина.

Резултатите од истражувањето на експертите од Кембриџ, објавени во списанието „Луѓето и природата“, се базираат на анализи на фотографии од носорози во последните 140 години.

Научниците веруваат дека честото ловење на носорози со поголеми рогови значи дека оние со помалку впечатливи рогови преживеале и сега ги пренесуваат своите генетски карактеристики на новите генерации.

“Носорогот е веројатно најтежок за проучување во природната историја поради безбедносните причини. Затоа сме навистина возбудени што можеме преку фотографии да докажеме дека нивните рогови се намалиле со текот на времето”, вели Оскар Вилсон, главен автор на студијата.

„Носорогот развил рогови со причина, некои видови за да добијат храна, други за да се одбранат од предаторите, па мислиме дека живеењето со помали рогови може да му наштети на нивниот опстанок“, рече тој.

Научниците измерија рогови на 80 носорози, фотографирани од 1886 до 2018 година. Имаше пет видови на носорог, бел, црн, индиски, јавански и суматрански.

Тие проучувале фотографии од носорози убиени од ловците, вклучувајќи ја и познатата фотографија на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт од 1911 година над црн носорог кој штотуку го убил.

Поранешниот американски претседател Рузвелт со убиен носорог/ Фото: Oscar Wilson/Cover Images/INSTAR / INSTAR Images / Profimedia

Научниците измериле и други делови од телото на носорогот за да може точно да се измери должината на рогот пропорционално со големината на телото.

Носорозите се загрозен вид. Денес ги има околу 30.000 во дивината, а на почетокот на 20 век ги имало половина милион.

А три видови меѓу нив – црни, јавански и суматрански – се на листата на критично загрозени видови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот