Фото: Профимедиа/EPA JONATHAN BRADY

Родителите во долгови, а Пипа „плива“ во милијарди: Побогата е и од својата постара сестра Кејт Мидлтон

Повеќето би помислиле дека најстарата ќерка од семејството Мидлтон, Кејт Милдон со венчавката за принцот Вилијам ги решила сите финансиски проблеми, а воедно е и идна кралица на Обединетото Кралство, меѓутоа, нејзината сестра Пипа Мидлтон (40) е таа која живее уште полуксузен живот од оној во британските кралски палати.

Сестрата на Кејт Мидлтон, всушност, „плива“ во пари и е една од најбогатите луѓе во Велика Британија.

Пипа и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз го живеат животот главно повлечено, иако и двајцата се добро познати личности во јавноста.

Пипа, се разбира, стана позната кога нејзината постара сестра се омажи за принцот Вилијам, а нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз ја започна својата кариера како британски тркачки возач. Кога имал само 18 години, бил прв во британското првенство на Формула Рено и во Еврокупот на Формула Рено, но сега трките ги заменил со водење сериозни компании.

Сега работи како извршен директор на „Идн рок капитал менаџмент груп“ (Eden Rock Capital Management Group), компанија за управување со имоти, што ја основал во 2001 година.

Покрај тоа, семејството во кое Пипа влезе во 2017 година, со текот на годините се збогатило во угостителскиот сектор и изградило вистинска деловна империја, вклучувајќи го и познатиот луксузен хотел „Идн рок“ (Eden-Rock) во Сент Бартс.

Така, Џејмс Метјуз, сопругот на Пипа, е еден од најбогатите луѓе во Британија, а тој е и наследник на имот од 10.000 хектари во шкотските висорамнини. Неговото богатство се проценува на повеќе од дури 2 милијарди долари, а „Дејли мејл“ тврди дека парот е побогат и од покојната кралица Елизабета Втора.

Инаку, како што дозна британски „Тајм“, родителите на Кејт Мидлтон, Керол и Мајкл Френсис имаат долгови над 300.000 долари, кои не можат да ги вратат уште од минатата година. Семејството на принцезата од Велс имаат личен бизнис, компанијата „Парти писес“, но падот на бизнисот го почувствувале во пандемијата на коронавирусот, а како што пренесуваат медиумите сега сосема пропаднал.

Познатата агенција додаде ознака на видеото на Кејт Мидлтон па се огласи: Што се крие зад одлуката која збуни многумина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот