Фото: FA

Родителите на Белингем го нападнале тренерот, добиле забрана за влез во соблекувалната на тимот

Борусија Дортмунд одигра нерешено 3-3 против Сент Паули на гостински терен, но фудбалската драма беше засенета од инцидент кој го привлече вниманието по завршувањето на првото полувреме. Во центарот на случувањата се најде новото засилување на „милионерите“, Џоб Белингем, брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем.

Младиот англиски фудбалер беше стартер на овој натпревар, но не се појави на теренот во второто полувреме. Тренерот Нико Ковач одлучи да го замени со Нмеча, што очигледно не им се допаднало на родителите на Џоб, кои биле присутни на трибините.

Според информации од германските медиуми, по дознавањето дека нивниот син нема да игра до крајот на мечот, родителите на Белингем влегле во вербална, а наводно и физичка пресметка со стратегот на Дортмунд и тоа во тунелот на стадионот на Сент Паули. Наводно, родителите на фудбалерот добиле и забрана за влез во соблекувалната.

Помладиот Белингем ова лето се приклучи на Дортмунд од редовите на Сандерленд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот