Фото: Принтскрин/Јутјуб

Роден е Серџо Блажиќ, „The Clash“ го објавија првиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја, 8 април, ќе го паметиме по раѓањето на неколку великани, но и по создавањето на некои големи хитови.

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на денешен ден:

1942 година – Роден е Роџер Чапман, пејач на прогресивната рок група „Family“ и соло изведувач.

1947 година – Роден е Стив Хов, гитарист на групата „Yes“.

1951 година – Роден е Серџо Блажиќ, пејач на славната хрватска рок група „Атомско склониште“.

1961 година – Роден е Срѓан Гојковиќ Гиле, гитарист, пејач и основач на рок групата „Електрични оргазам“.

1968 година – Југотон го издава вториот сингл на хрватскиот пејач Ивица Перцл, кој подоцна е прогласен за пионир на протестната музика на домашната сцена, помеѓу другото и поради сличностите со британскиот фолк-рок пејач Донован.

1977 година – Британската панк рок групата „The Clash“ го објави првиот истоимен албум, од кој најпознати песни се „Janie Jones“, „Remote control“ и „White riot“.

1981 година – Излезе шестиот албум на рок групата „Смак“ под назив „Зашто не волим снег“.

1982 година – Американската рок група „Toto“, го објави албумот „Toto IV“, од кој песната „Rosanna“ беше одредена како главна нумера, но изданието еднакво го одбележа и песната „Africa“, единствениот број 1 хит во кариерата на овој бенд.

1987 година – „Црвена јабука“ го објави албумот „За све ове године“, посветен на покојните членови на групата, пејчаот Дражен Ричл Зија и басистот Аљоша Буха, кои загинаа во сообраќајна несреќа една година претходно.

1991 година – Англиската трип-хоп група „Massive attack“ го објави дебитантскиот албум „Blue lines“.

1994 година – Американскиот рок состав „Offspring“ го објави третиот албум под назив „Smash“, најуспешниот во дотогашната кариера, со хит песните „Come out and play“, „Self esteem“ и „Gotta get away“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!